Новиот бран на инфекции во Кина, очигледно предизвикан од мутиран коронавирус, не е причина за паника. Со мутација, SARS CoV-2, вирусот кој всади страв во светот, наскоро би можел да стане обична настинка, пишува „Дојче веле“.
Развојот на ефикасна вакцина или лек против новиот вид коронавирус е комплициран токму затоа што вирусот постојано се менува. За околу половина година од избувнувањето на пандемијата, научниците регистрирале 100 различни мутации на SARS CoV-2 ширум светот.
Ваквите варијанти или промени се нормални, бидејќи генетската структура на вирусот се менува и се појавуваат нови подвидови. Исто така можат да се променат и карактеристиките на вирусот. Последиците можат да бидат слабеење на оригиналниот вирус, но и тој да стане поагресивен. Различните варијанти исто така потврдуваат зошто еден патоген во одреден регион на светот предизвикува бранови на инфекција со различна тежина и зошто луѓето реагираат различно на инфекцијата.
Кристијан Дростен од берлинската болница „Харите“на мутациите гледа позитивно.
“Новиот вирус се репродуцира уште подобро во носот и подобро се пренесува. Со мутацијата, која првенствено влијае на носната област, вирусот би можел да се размножува подобро, што доведува до епидемија навистина да ослабне со текот на времето“, рече вирологот, укажувајќи на најновите истражувања.
Еден вирус дури може да биде толку ослабен со мутации што на крајот целосно исчезнува, како што беше случајот со патогенот САРС-КоВ во 2003 година.