Во време кога медицинските работници веќе се исцерпени по четиримесечната борба со коронавирусот, Соња Христовска доброволно се пријавила да помогне на персоналот.
Соња се огласи на социјалните мрежи каде што сподели статус на својот профил на Фејсбук, а во истиот напиша:
“Ви пишувам директно од местото на настанот – Инфективна клиника. Доброволно се пријавив да помогнам на персоналот, кој веќе е исцрпен и работи со последните резерви. Имам многу работи видено, но ова што се случува на Инфективно нема збор да се опише. Пациентите се борат за воздух… значи, за воздух.Човек умира на раце и моли за кислород. Секој дава сѐ од себе, терапија до вселената. Колку човек и да е отпорен, не може да не потклекне и да не се соживее. Глетката и плачот на семејствата немаат цена, а нема ден да помине без смртен случај. Тешко е…многу е тешко…но, има некоја волшебна енергија која дава сила. Сите работат како допрва да треба да се докажуваат за вработување. Премногу се вредни, сплотени, единствени, човечни. Генијални се.
П.С. Само овде денот трае подолго од 24 часа. Се поклонувам пред персоналот кој не знае во кој круг на пеколот се наоѓа. Моето срце чука заедно со вашите“ напиша Соња на својот Фејсбук профил.