Александар Конески од Прилеп на Фејсбук раскажува за тоа што се’ преживеале заедно со неговиот 6-годишен син Максим кој добил потрес на мозокот од пад, но на болница утврдиле и дека е позитивен на ковид 19.
“Кој има уши да слуша, нека чуе!!!Сакам со сите вас да споделам едно искуство а воедно и една јавна исповед за тоа што го доживеавме минатиот викенд. Ова го правам за да не се објаснувам поединечно и за да видат сите до кај сме стигнале.
Во петокот нашето дете Максим (6 години) падна и се повреди има набиеници на едната надлактица и две фрактури на черепот од кои едната е доста сериозна и беше со мало внатрешно крварење.Од општа олница прилеп беше прегледан, рендгенски снимки,компијутерска томографија и беше испратен како итен случај за Скопје.Примен во ургентно и префрлен во одделот на неврохирургија.Од тука натаму започна нашата борба која верувам дека многу луѓе ја искусија и станаа посилни. Бечерта бевме “пријателски” пречекани од дежурната сестра која не подреди кој каде да стои и утврди дека неморало сега со количката до соба можело и в раце детето иако бевме со потрес на мозокот не примија во соба двокреветна со едно кебе и една перница кога побарав втора рекоа нема.
Над креветот од Максим 4 дена светеше сијалица која беше расипана и не можеше да се извади и исклучи (дење и ноќе). Утрото му зедоа крв за испитување и му го ставија системот кој беше ставен во Прилеп на кој заприметив дека му беше поминат рокот 4 месеци му зедоа и брис за корона вирус. После неколку часа се појави истиот човек што го боцкаше и го тестираше Максим застана на врата и кажа детето е позитивно на ковид 19, не излегувајте од вратата надвор. По неколку часа му се влоши состојбата на Максим и побарав помош и добив пола аналгин и ме убедуваа дека ќе му помине . По еден час заприметив оток на слепоочницата прилично голем и се појавив на врата да барам помош пошто ѕвонче немаше и по пола сат од кој ми рекоа влегувај внатре дојде истиот човек и од кога се скаравме и му реков дека е апсурд да лекуваме дете со фрактури и оток со пола аналгин облече скафандер и му стави систем на Максим за кој после се боревме да биде отстранет за да може во вц да појдиме.
Другиот ден (недела) се појави доктор на врата кој со душа го чекав за да слушнам мислење кога ќе се прават нови испитувања до каде е внатрешното крварење и т н но наместо тоа добив седете тука не излегувајте никаде детето е позитивно…На прашањата зошто не прескокнаа за храна да дојде некој да ја исклучи сијалицата и топла вода каде има ми одговори како за сите така и за вас и ја лупна вратата повеќе не го видов. На детето на секои 2 ч му беше тешко имаше вртоглавица и повраќаше или имаше нагон за повраќање ама никој не влегуваше во нашата соба оти ние бевме бележани. Истиот ден дојдоа маж и жена во скафандери и уште не влезени рекоа ајде зини да ти земеме брис за корона вирусот јас реков да разговаме оти јас гледам низа неправилности во работата како на пример никаде не беше наведено каква терапија Максим прима, ми одговори да не се расправам со неа дека тоа не било моја работа. Кога му кажав дека сакам документ за Максим на кој пишува дека е корона позитивен со потпис и печат од микробиолог добив само премолчување и после тоа ајде зини не кажувај многу. Од кога ме тестираа и мене не видовме човек во нашата соба се боревме за да му стават системче никој не влегуваше иако ги чекавме болеше кога поминуваа на визита и не одминуваа како да сме мртви. Тоа се случуваше два дена некогаш ни оставаа кифла и млеко во прав на кваката надвор како на кучиња и тропаа и бегаа.
Последниот ден (вчера) се појави на врата заменик директорот на одделение ја отвори вратата како шериф и онака налутено од кај си бе ти…треба да дојде некој да ве земе да си одите готово вие супер сте…после краток разговор дека детето не е прегледано дека не е лекувано и т н ме убедуваше дека е супер и дека снимки не се потребни и т н и сватив дека тие сакаат само да си заминиме од таму.
Потоа дојде една жена и еден дечко најчесто набилдан да не случајно се тепам со нив и побараа да платам за услугата и откако платив без да ме прашаат повикале брза помош од Прилеп да не земе и лажно кажале дека јас сум ги повикал така да кога стигнавме Прилеп требаше и за превозот да платам. Конечно по дена кога си одевме видов насмеани лица кои дотогаш кога и да ги видов беа намуртени.
Ни дадоа и отпусна листа на која пишува дека не примил не лекувал и отпуштил д-р Роберт Шумковски јас искрено му благодарам за неговото несебично залагање во случајот со нашето дете ама ми е криво што не го запознав. На многу луѓе соочени со голготата Здравство му е јасно за што кажувам а и едно јавно прашање ќе поставам дали и детето на Венко, Зоран, Горан, Хари и други на истиот начин ќе биде третирано?
Знам дека се имате купено и поткупено така да не вреди да се зборува за тоа ама Христос не можете да го купите со вашите валкани пари. Вашето семе ќе се сотре и вашите деца ќе се крена против вас еден ден кога ќе ги потрошите вашите крадени пари. Најискрено му благодарам на сите кои беа со нас и молитвено се застапуваа за нас и Максим во ова искушение сакам Господ да ги поживее уште многу години. И Христос го плукаа го тепаа го исмеваа го убија но Христос Воскресна така и ние воскреснуваме со него”, напиша Александар на неговиот Фејсбук профил.