64-годишната Синди Џексон влезе во Гинисовата книга на светски рекорди како личност која има направено најмногу пластични операции – дури 47, а на нив потрошила околу 60.000 евра. Од 1987 година имала 14 операции, вклучувајќи три лифтинзи на лицето, две операции на носот, импланти во образите и корекција на подбрадокот. Се подложила и на низа нехируршки зафати како хемиски пилинзи и полутрајна шминка.
Сега се надева дека нејзиниот рекорд ќе го преземе Родриго Алвес кој се прослави под прекарот “човечкиот Кен”, а од неодамна изјави дека сака да стане Барби.
“Не можам да се сетам на сите операции. Тоа е како да прашате некој колку пати се потстрижил во последните 30 години. Повеќе не ги објавувам своите операции бидејќи доста ми е од тоа да сум позната како Барбика. Не сакам да бидам вклучена во натпревари. Мислам дека некои луѓе, како Родриго, заминуваат “под нож” за да го срушат рекордот”, изјавила Синди.
Таа тврди дека отсекогаш целела кон природниот изглед и дека не е зависна од пластични операции.
“За мене сите операции кои не изгледаат природно се неуспешни”, додала Џексон.
64-годишната Синди го искористила своето искуство со козметичките зафати за да им помогне на другите да остварат што поприродни резултати, без видливи лузни и други траги од операција.
https://www.instagram.com/p/BFJDlEdHYY5/?utm_source=ig_web_button_share_sheet
https://www.instagram.com/p/B9RJI7KHsWE/?utm_source=ig_web_button_share_sheet