Утринава, во својот стан во центарот на Белград се самоуби познатиот специјалист за пластична и естетка хирургија, Виолета Скоробаќ Ашанин.
Како што неофицијално курир.рс дознава, Виолета која била естетски хирург од светски глас и сопственик на приватно болница во Белград, на својот маж и на синот утринава им рекла дека ќе оди во купатило, но откако подолго време ја немала да излезе и да отвори, ја скршиле вратата и веднаш повикале итна помош. Но, на докторката и немала спас. Наводно, покрај неа е пронајден нож.
Инаку, докторката била еден од најпознатите пластични хирурзи во Србија и ширум Европа. Таа се школувала во Америка, Грција, Русија, Италија и во Бразил. Имала добиено повеќе награди, особено од областа на лекување на дебелината со улстразвучна липоскулптура, а била и автор на над 40 научни трудови. Особено била специјализирана за естетски корекции на лице и гради, како и за преобликување на тело.