Српскиот епидемиолог Дарија Кисиќ Тепавчевиќ е една од најпопуларните лекарки во оваа земја. Таа во многу наврати од почетокот на оваа криза, даваше препораки на населението како да се заштитат.
– Секое влегување во затворен простор со повеќе луѓе и контакт подолг од 15 минути на растојание од помалку од еден метар се смета за ризично – објасни таа за ТВ Прва.
Д-р Кисиќ уште во на почеток на пандемијата објаснуваше дека корона вирусот има карактеристичен феномен наречен „леден брег“.
Тоа значи дека повеќето инфицирани или воопшто нема да имаат симптоми на респираторни инфекции, или пак тоа ќе бидат благи облици кои личат на настинка.
Тоа значи дека повеќето од нас можат да го носат вирусот во себе а да не знаат. Тоа се таканаречените асимптоматски случаи, кои се речиси 80 проценти.
Затоа, според неа, самоизолацијата е клуч за успехот и само така може да се создадат услови за спречување вирусот да прејде на некој чуствителен организам.
-Најважно е да бидеме одалечени мининум два метри од потенцијалниот извор на зараза, објаснува доктор Дарија Кисиќ – Тепавчевиќ.