Американската олимписка боксерка Вирџинија Фукс избегна четиригодишна суспензија поради допинг. Таа паднала на допинг тест откако тестот на урина на 13 септември бил позитивен, па од тогаш и е забрането да се занимава со спорт.
„Виновен“ за сè е нејзиниот партнер е бидејќи тие биле пренесени за време на сексуален однос. Во март, било откриено дека е позитивна на две забранети материи, а потоа призна дека нив ги користел партнерот.
„Ова ми беше голема лекција и сега кога заврши, тотално сум фокусирана и концентрирана на Токио“, напиша 32-годишната боксерка на Твитер.
Фукс ќе има можност да се квалификува на Игрите преку квалификации.