Младиот кошаркар на Сан Антонио Спурс Лони, Вокер на една од своите последни објави на Инстаграм тврди дека како младо момче бил сексуално злоуопотребуван.
“Косата почнав да ја пуштам во петто одделение бидејќи тоа ми беше начин да се сокријам. Во текот на летните денови бев со поширокото семејство. Имињата ќе ги изоставам, но на 10 години бев сексуално злоупотребуван, силуван и искористуван. Се навикнав на сето тоа и мислев дека е нормално, бидејќи во тие години не знаеш што е правилно. Косата беше нешто што можев да контролирам, да од неа правам нешто што е мое. Тоа ми даваше самодоверба. Поради пандемијата од коронавирусот почнаа да ми се враќаат демоните од детството. Се пронајдов самиот себе и успеав да им простам на сите. Ја променив фризурата како би ги исфрлил демоните од детството. Пронајдов мир и внатрешна среќа“, изјави Вокер.