Претседателот на САД, Доналд Трамп со своето досегашно автократско владеење ќе ја доживее и истата судбина како Слободан Милошевиќ, пишува реномираниот американски магазин „Атлантик“.
Сегашните немири „Атлантик“ ги споредува со соборувањето на претседателите кои биле диктатори и како примери ги наведува Милошевиќ во Србија, Виктор Јануковиќ во Украина или Бен Али во Тунис.
„Атлантик“ наведува дека САД доживува хаос каков што не бил виден од 1968 година кога нацијата била поделена.
– Иако мандатот на Трамп ќе заврши со изборите, а не со соборување, магнитудата на се тоа што се случува, а и се што претстои е можно да се разбере единствено ако ги погледнеме сличните случаи во странство, пишува „Атлантик“.
„Атлантик“ пишува дека тоа се случило и во Украина во 2014 година кога бил соборен Јануковиќ во таканаречената „Портокалова револуција“.
Тогаш Јануковиќ одлучи да се одрече од пристапување кон ЕУ, а голем број на луѓе се собираа на Плоштадот Мајдан во Киев и буквално кампуваа таму со денови, а поради полициската бруталност починаа над 100 активисти.
„Место да им дозволи на демонстрантите да протестираат, Јануковиќ одлучил насилно да се справи со нив, а тактиката му се одбила од глава. Движењето со ограничени средства стана целосна силна револуција, пишува „Атлантик“.