СЕМЕЈНА ТРАГЕДИЈА: Родители со четирите деца пронајдени мртви во џип во гаража во Тексас (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Шесточлено семејство е пронајдено мртво во џип во гаражата на семејна куќа во Сан Антонио, Тексас. Таткото кој бил војно лице, пронајден е мртов заедно со сопругата и четирите деца на возраст од 11 месеци до четири години. Во возилото биле и нивните две мачка.

Според првичните информацији се работи за убиство и самоубиство.

Полицијата од Сан Антонио соопшти дека призорот бил потресен.

-Како влегоа внатре,  веднаш излегоа. Покрај вратата пронајдена е шифрирана порака, во која пишувало дека во куќата ќе бидат пронајдени тела. Во пораката пишувало и дека куќните љубимци ќе бидат во замрзнувачот – вели извор од истрагата.

-“ Внатре ќе пронајдете тела, не влегувајте“, пишуваше во пораката – изјавил началникот на полицијата.

Во прв момент се сомневал дека има поставен ио експлозив во куќата, па целиот кварт бил евакуиран. Но, подоцна е установено дека нема експлозивна направа.

Инаку, комшиите изјавиле дека добро не го познавале семејството бидејќи тоа се доселило во јануари.

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com