Повеќе новинари ширум САД биле мета на напади на полицијата и демонстрантите кои ги претепале, а полицајците ги апсиле и пукале во нив на протестите што ја тресат Америка деновиве поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд.
Во Минеаполис, најлошо помина новинарката Линда Тирадо , која била погодена во лицето со гумен куршум, поради што не може повеќе да се гледа на едното око.
„Локалните власти мора да им наредат на своите полициски сили да не ги напаѓаат новинарите“, предупреди Комитетот за заштита на новинарите.
Медиумските работници исто така се напаѓани од демонстрантите, па фотографот Иан Смит бил претепан во Питсбург пред да интервенираат другите демонстранти.
Во Атланта, седиштето на мрежата „Си-Ен-Ен“ било нападнато во петокот од група од десетици луѓе кои фрлале шок бомби.
Во саботата наутро демонстрантите нападнаа известувач на „Фокс њуз“ кој бил пред Белата куќа и кој се обидел да избега пред полицијата да ги растера.