Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев е негативен на коронавирусот, дознава Прес24.
Тој се тестираше откако пред три дена беше на телевизиска дебата заедно со неговиот колега од владината СДСМ, Мухамед Зекири, кој денеска објави оти тој заедно со соптугата и ќерката се позитивни.
Јанушев претходно се огласи на социјалната мрежа Фејсбук, каде му посака брзо закрепнување на Зекири.
“Состојбата со заразата е алармантна. Денешните настани укажуваат на тоа дека треба да се пристапи со огромна сериозност. Да се зборува за избори во една ваква состојба е неодговорно кон граѓаните. Нужна е заштита на здравјето!
На Мумамед Зекири со кого бевме на дебата на Телевизија 24, и на неговото семејство, им посакувам брзо закрепнување.
Што се однесува до интересот за моето здравје, засега сум во добра здравствена состојба и ги чекам резултатите од направеното тестирање. Во очекување на исходот ќе ги превземам сите мерки кои ќе ги препорачаат здравствените власти.
Апелирам да не се потценува состојбата со вирусот, ниту да се релавитизира, и да се пристапи максимално сериозно“ напиша Јанушев на својот Фејсбук профил.
Инаку, Мухамед Зекири денеска преку Фејсбук информира дека тој, неговата сопруга и тримесечната ќеркичка се заразени со коронавирус.