Во гостувањето во „Само вистина“ на Канал 5, новинарот Зоран Иванов смета дека претседателот Стево Пендаровски ќе ја продолжи вонредната состојба за уште две недели за да може да се фати датумот од 5 јули за избори.
– За да не се случат изборите на 21 јуни, тогаш претседателот Пендаровски треба да ја продолжи вонредната состојба барем уште две недели и мислам дека тоа ќе се случи за да може за да може да го фатат датумот 5 јули кој е веројатно тој компромис од кој генерално сите би требало да бидеме задоволни, рече Иванов.