Тригодишни близначки од Австралија загинале во пожар во куќа, откако мајката случајно се затвориле дома.
Неутешната мајка после трагедијата објавила срцепарателна порака и рекла дека се мрази себеси затоа што не успеала да ги спаси.
Девојчињата Аиша и Лејлани Форд од Нов Јужен Велс настрадале откако нивната мајка изнела запалена перница надвор, а тие случајно ја заклучиле вратата, пренесува News.com.au.
Девојчињата си играле со перница покрај шпоретот во куќата, кога мирисот на чад го привлекол вниманието на нивната мајка Танука. Кога мајката ја однела запалената перница надвор, девојчињата некако ја заклучиле вратата и останале сами во куќата. Тогаш се случило најлошото.
Помошта била веднаш повикана, а пожарникарите морале да ја искршат вратата за да влезат внатре. Тие ги нашле девојчињата кои биле без свест. Близначките биле најдени згрчени, во несвесна состојба, држејќи се една за друга за раце. И покрај напорите на лекарите биле прогласени за мртви на лице место.
„Веројатно имаше уште нешто запалено во собата. Танука врескаше да и ја отворат вратата, но тие не го сторија тоа. Сироти души, тие веројатно се исплашија“, рекла нивната тетка.
Според полицијата, во моментот на пожарот Танука и нејзиниот шестгодишен син биле надвор. Полицијата двапати ги сослушала мајката и најстариот син, соседот и таткото, кои биле на патот во моментот на несреќата.
„Мајката разговараше со истражителите. Таа беше трауматизирана, но им помогна колку што можеше“, соопштиле од полицијата.
Неутешната мајка објавила статус на Фејсбук, о кој вели дека се надева дека сето ова е само сон. Рекла дека се мрази себеси што не успеала да направи повеќе за да ги спаси.
„Не знам како некогаш ќе можам да сфатам како се случи се, ве молам, нека тоа биде страшна грешка. Ве молам, рече ми дека моите бебиња се добро“, напишала таа и додала, дека без оглед колку се моли, ништо што ќе каже или направи нема да ги врати нејзините ќерки.