Махеш Соратија (38) од Волверхемптон и Гариса Конит Гордон (27) од Бирмингем се осомничени дека и го одзеле животот на една жена, и го преполовиле телото, го запалиле и на крајот го закопале во шума. Тие се појавија на Судот во Глочестер, откако остатоците на жената беа пронајдени во две торби во вторникот вечерта.
Осомничените не се изјаснија за виновни. Гордон е обвинета за убиство, а Соратија соучество во криминал, пренесува „Дејли меил“.
Идентитетот на жртвата не е објавен, бидејќи резултатите од ДНК-анализата сè уште се во тек, но се верува дека станува збор за жена од Бирмингем. Во текот на судењето се шпекулираше дека смртта настанала еден месец пред да биде пронајдено телото – помеѓу 14 април и 12 мај.
Махеш Соратија, е трговец со потекло од Индија, кој се преселил со својата сопруга во Бирмингем пред три години од Беркшир. Соседите го опишуваат како добар семеен човек со кого немале проблеми.
„Шокирани сме што дојде полицијата. Тие се прекрасно семејство – никогаш немаше лош збор да кажам за нив. Ги видов сите заедно пред една недела како го чистат автомобилот. Се чинеше дека нема проблем. Ги сметав за пријатели. Кога нивниот татко почина, тие тропаа на мојата врата, а јас отидов на погреб“ – рече еден од соседите, Теман Раџу (74).
Шумата во Бирмингем, каде беше откриено преполовено женско тело е опишан како „кланица“, а извор за британските медиуми изјавил дека полицијата пронашла пила и дека жената е пресечена во средина, а осомничените се обиделе да го запалат телото.
Вчера, трет ден по ред, полицијата продолжи да го пребарува каменоломот кај селото Стаунтон. Опколена е огромна област околу селото, а полицајци со кучиња трагачи ја претресуваат областа.
Виш истражен службеник Џон Тарнер изјави дека тимовите работат 24 часа на терен за да разберат што се случило.
„Еден живот е изгубен, наш приоритет е да ја идентификуваме жртвата и да добиеме одговори за нејзиното семејство“, додаде Тарнер.
A women from Birmingham and Man from Wolverhampton arrested with a suitcase containing female torso and remains in Gloucester full story on channel now link in bio #streetnews #birmingham #musicnews #murder pic.twitter.com/m3BMOAVJLX
— Music/StreetNews (@ScarcityStudios) May 15, 2020