Српските медиуми денеска излегоа со детали по шпекулациите дека ќе се прават бесплатни тестови на граничните премини за влез во нивната земја. Тие пишуваат дека државјаните на Србија можат да влезат во земјата и да се движат без ограничувања со негативен PCR тест за коронавирус, не постар од 72 часа. Ако државјанинот на Србија влезе во земјата без направен тест, тој е должен да помине 14 дена во самоизолација. За време на периодот на самоизолација, има можност да направи тест во една од референтните лаборатории во Србија и доколку тестот е негативен, може да ја прекинат самоизолацијата, се наведува во владиното соопштенние.
Српската влада пред два дена ги донесе протоколите за влез и излез од Србија и за странските државјани, во кои се наведува дека можат да влезат во Република Србија под два услови – негативен ПЦР тест за коронавирус не постар од 72 часа и потврда издадена од комисија составена од претставници на Министерството за здравство, Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура, Министерството за надворешни работи и Министерството внатрешни работи. Овој сертификат може да се добие во српската амбасада или конзулат во земјата од која доаѓа странскиот државјанин, се наведува во соопштението.
Инаку, Србија на 1 јуни ги отвора границите со Македонија, Црна Гора, БиХ и Албанија.