18-годишната натпреварувачка во нордиска комбинација, Австријката Јоана Басани денеска е пронајдена мртва. Наводно, таа извршила самоубиство, а како причина се наведува големиот притисок на нејзината кариера од страна на австрискиот Сојуз.
Басани е пронајдена мртва на само седум денови по својот 18 роденден, а покрај нејзиното тело биле пронајдени неколку писма.
Во нив Басани пишувала за големиот притисок од страна на австрискиот Сојуз и дека не можела повеќе да го издржи тоа.
-Не можам повеќе, не можам – меѓудругото напишала во писмата
Инаку, Јоана Басани е освојувачка на сребрен медал на Олимписките игри (ОИ) во Лозана минатата година.