Лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски, по неколку часа разговори заврши, но нема договор за датум за избори. Лидерите се договорија да чекаат извештај прво од Комисијата за заразни болести, од Државната изборна комисија и ќе се чекаат набљудувачите од ОБСЕ и ОДИХР.
Поради запазување на мерките за превенција од коронавирусот средбата се одржа на отворено под тенди, на балкон од Вилата Водно. Сите учесници на средбата се со маски и седат на растојание еден од друг.
На средбата присуствуваат претседателите на СДСМ Зоран Заев, на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на ДУИ Али Ахмети, на Алијанса за Албанците, Зиадин Села, на Алтернатива Африм Гаши, на Движење Беса Билал Касами, како и претставници на ДПА.