За влез во Србија во иднина ќе биде потребен тест на коронавирусот, не постар од 72 часа.
Оние кои немаат потврда за негативен тест ќе мораат да престојуваат 14 дена во изолација.
“ За влез во Србија ќе биде потребен негативен тест не постар од три дена, во спротивно се оди во 14-дневен карантин. Граѓаните на Србија кои сакаат да заминат во странство претходно ќе мораат да направат тест на корона кој ќе чини 6.000 денари (50 евра). Нема да се мери температура по границите, а колку места ќе се продаваат во авионите ќе одреди “Ер Србија“ – соопшти членот на кризниот штаб Бранимир Несторовиќ.