Пожар во 190 метри високиот облакодер во Емиратите (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Пожар ја зафати кулата од 48 ката “Абко“ во Шарјах, трет најголем град во Обединетите Арапски Емирати, јавува Гардијан.

Десетици пожарникари учествувале во гасењето, а имало и беспилотни летала.

Девет луѓе се повредени и веднаш им пружена итна медицинска помош.

Брзата интервенција на цивилната заштите спречила поголема катастрофа. Причината за пожарот сѐ уште е непозната, но се знае дека пожарот избил на 10. кат околу 21 часот по локално време. Експертите за безбедност претпоставуваат дека до пожарот дошло поради користење на неквалитетен градежен материјал кој не бил отпорен за оган.

Инаку, од 48 ката на облакодерот кој е висок 190 метри,  35 се со станови.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com