Според извештаите кои СЗО ги испрати минатата недела не постои доказ дека луѓето кои прележале КОВИД-19 развиле имунитет на болеста. Сепак, тие предупредуваат дека тоа во никој случај не треба да биде ставка што ќе влијае на одлуките на одделните држави за понатамошно олабавување на нивните мерки и нагласуваат дека е можно едно лице повторно да се зарази со коронавирус.
Нивните наводи сериозно ги доведува во прашање еден од водечките виролози во Германија, Кристијан Дорстен кој тврди дека позади овие извештаи се кријат причини кои можеби немаат врска со самиот вирус, туку со проблемите кои потенцијално би можеле да настанат во општеството.
Очигледно во меѓувреме во СЗО дошло до преиспитување на ваквите објави, па се огласија на Твитер дека очекуваат заразените од коронавирус да развијат антитела кои ќе обезбедат соодветно ниво на заштита.
Директорот на престижната универзитетска болница во Берлин веќе ги поддржува овие тврдења и додава дека „пациентите со сигурност ќе развијат имунитет“.
Дростен претходните изјави ги толкува со доза на резерва.
„Имунитетот што ќе го развива пациентот откако ќе го преболи Ковид-19 може да ‘се намали после две години, можеби малку подолго”, вели вирологот. Кај некои пациенти, бројот на антитела се намалува уште во два месеци, но тие се, објаснува Дростен.
Тој вели дека имунитетот не го сочинуваат само антителата.
„Тие се само показател дека инфекцијата поминала“, вели тој. Затоа, тестот за антитела не е доказ за имунитет, туку само индикација дека некое лице се заразило со болеста. Еден од проблемите е фактот дека дури и со „технички точни тестови“ веројатноста за грешки е голема со оглед на износот на тестирање. Исто така, откако инфекцијата ќе помине, лицето можеби не може не може повторно да се зарази, но после одредено време можна е повторна зараза“ тврди Дростен со сигурност.
Тој ги потврдува неговите тези според нивната сличност со другите коронавируси и нивното однесување, но дека повторната зараза не е толку силна како првата.
„Во вакви случаи, телото едноставно не излачува толку многу заразни честички“, рече Дростен.
Германскиот стручњак смета дека СЗО не го доведува во прашање имунитетот како таков, но се прашуваат некои други работи. Причината за нивното предупредување дека во моментов не треба да се потпираме на имунитетот не е целосно јасна и не произлегува само од досегашните научни сознанија во врска со производство на антитела.
Според него повторната зараза била производ на лажни тестови.
Тој, исто така, ги коментираше предлозите на некои земји за издавање пропусници на луѓето кои прележале „Ковид-19“, а остро беа отпишани од СЗО.
Според него, опасноста од одвојување на поединците од општеството е повеќеслојна.
„Може да оди дотаму што, на пример, како работодавач, можам да барам единствено вработени кои прележале коронавирус. Осигурителните компании можат да понудат поевтини пакети на таквите луѓе, бидејќи третманот може да биде скап, а тоа создава голем број на сериозни последици за општеството. Може да се одрази и во приватниот живот. Можете ли да замислите да ги поканувате само оние пријатели кои биле заразени на вашиот роденден? Да бирате друштво и од тие причини блиските луѓе ве отпишуваат “, вели лекарот.
Социјалната стигма, заклучува Дростен е сериозна закана. Тоа дури може да го уништи досега изграденото општество и комплетно да го промени системот за вредности. Затоа верува дека твитовите на СЗО сакале да посочат на ова и не ја охрабриле идејата за „пропусница за имунитет“.