Манекенката Хајди Клум секогаш на црвениот тепих се појавуваше во сексипилно издание, истакнувајќи ги бујните облини што ја прославија во светот. Но, славната Германка на модната ревија во Лос Анџелес се појави во необично издание, со бизарен фустан кој би се очекувал само за Ноќта на вештиците. Многумина заклучија дека 45-годишната манекенка за ваков стајлинг се одлучила за да го скрие своето трудничко стомаче.
Имено, последниве месеци се шпекулираше дека Хајди го чека своето петто дете. Таа последниве девет месеци е во врска со младиот пејач Том Каулитц. Неодамна тие направија верија, а наводно се очекува и венчавка.
Хајди веќе ја 13-годишната ќерка Лени до врската со Флавио Бриаторе, додека од бракот со пејачот Сеал има три деца, 12-годишниот Хенри, 11-годишниот Јахан и осмогодишниот Лоу.