Бирото за јавна безбедност преку Одделот за криминалистичка полиција во рамките на засилените мерки во борбата против недозволената трговија со дрога во координација и насоки со ОЈО Кавадарци спроведоа акција на подрачјето на град Скопје, при што во магацин во населба Бутел се пронајдени и одземени 12 палети во кои има еден тон и двесте и четириесет килограми (1240 кг) наркотична дрога марихуана спакувана во полиетиленски вакумирани пакувања и црни полиетиленски вреќи, информираше директорот на БЈБ, Саше Тасевски.
– Лишено е од слобода едно лице против кого ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 став 1 од Кривичниот законик до ОЈО Кавадарци. Истрагата е во тек со цел утврдување и откривање на други лица инволвирани во случајот на недозволена трговија со марихуана, соопшти Тасевски.
-Успешна акција. Детално соопштение ќе биде објавено утре, напиша на Фејсбук дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска.
Приведено и едно лице поради недозволен трговија со дрога против кое ќе биде поднесена кривична пријава. При акцијата преку Одделот за криминалистичка полиција во координација и насоки со ОЈО – Кавадарци, пронајдени и одземени се 12 палети во кои имало еден тон и 240 килограми марихуана во пластични пакувања и вреќи.
Истрагата е во тек и, како што соопшти и Петровска на Фејсбук, детали ќе бидат соопштени утре.