Двајца пензионери од англискиот град Прествич во Голем Манчестер сфатиле дека се вљубени и решиле да започнат заеднички живот заради пандемијата со коронавирусот.
Воените херои, 97-годишниот Роберт Волш и Лилијан Гранди, се сретнале прв пат во ноември 2019 година на меморијалниот ден во чест на сеќавање на жртвите од Првата Светска војна. После војната, Волш служел во подморницата, а Гранди помагала во производството на бомбардери. Двајцата пронашле заеднички јазик и почнале да се состануваат трипати неделно.
Кога започнала пандемијата, Волш и Гранди сфатиле дека веќе не можат да живеат еден без друг и затоа, пред да се воведе режимот на строга самоизолација, одлучиле на својата врска да и дадат нова димензија. Пензионерите сфатиле дека ја пронашле љубовта на својот живот и дека треба да живеат заедно.
Прочитајте и… Од денес градскиот превоз организиран во две смени
– Се вљубив во неа. Двајцата ја пронајдовме добрата страна на овој ужасен вирус: ние сме заедно, рече Волш.
Сега Волш свири на укулеле во неговиот двор за својата драга. Вљубената двојка заедно пее воени песни со цел да се забавува за време на карантинот.
Секој од нив порано бил во брак, но во меѓувреме ги загубиле сопружниците.
Двајцата започнале заеднички живот по одобрување на нивните семејства и сè уште спијат во одделни соби. Волш се сместил во слободната просторија во домот на неговата драга Лилијан.