Поранешниот ракометар на Вардар, хрватскиот репрезентативец Лука Циндриќ, стана татко.
Тој и неговата девојка, Лара Стипетиќ добија ќерка која ќе се вика Алиса.
„Вакви тестови вселената им дава само на најсилните. Алиса, добро ни дојде на овој убав свет“, напиша Циндриќ на сликата што ја сподели на социјалните мрежи.
Инаку, Лука Циндриќ (26), кој сега е член на „Барселона“, два пати беше прогласен за најдобар хрватски ракометар, во 2017 и 2018 година, а со Вардар има освоено и една титула на Лигата на шампионите.
https://www.instagram.com/p/B_F1mz5Hgmb/?utm_source=ig_web_button_share_sheet