Наоми Вудијат, која живее во Корк, но по потекло од Канада, раскажа дека била силувана еден ден пред погребот на татко ѝ откако отишла на пијалок во еден ноќен бар.
“Тоа беше најниската точка во мојот живот. Плачев три дена, смртта на татко ми многу ме погоди и не знаев како ќе го организирам погребот“.
Кога стасала на аеродромот во Даблин и рекле дека не може да патува бидејќи во англискиот пасош немала виза а канадскиот и бил истечен. Резервирала соба во аеродромскиот хотел, додека да ги реши проблемите со виза.
“Отидов до шанкот по чаша вино и тој почна да разговара со мене. Рече ќе одел во Америка по работа. Јас реков дека се обидувам да стасам дома на погреб. Воопшто немаше флерт меѓу нас, тој изгледаше како нормален и угледен бизнисмен во 40тите. Понуди да ме почести со пијалак и после тоа не се сеќавам на ништо. Се разбудив во собата која ја платив. Сигурно од мојата чанта го земал клучот. Лежев на кревет со него а тој само гледаше во мене. Беше страшно. Имаше безживотен, студен дрзок поглед. Тука повторно ме силуваше. Врескав за да престане, но пред очите ми беше магла, веројатно од дрогата, за која сум сигурно дека ми ја дал. Потоа се облече и замина. На масата видов две чаши вино, во едната имаше јагода. Тогаш веќе бев сигурна дека ме дрогирал, рекла Наоми.
После шест месеци таа го опиша како случка од пеколот и рекла дека мора да ја напушти работата.
Ја советувале да не го пријавува силувањето, бидејќи тоа би било огромна траума за неа, а дека веројатно правдата нема да ја добие.