Популарниот италијански спортски новинар и коментатор Франко Лауро пронајден е мртов во својата куќа во Рим.
58-годишниот Лауро е пронајдено откако алармирале комшиите кои два дена го немале видено. На крајот пожарникарите морале да ја кршат вратата за да влезат.
Според првичните информации, Лауро починал од срцев удар.
Инаку, Франко Лауро е еден од најпознатите спортски коментатори во Италија. Тој беше долгогодишен дописник на телевизијат РАИ, коментирал од осум летни и една зимска Олимпијада, а со години бил еден од најпопуларните гласови на спортските телевизии.
Негова специјалност бил фудбалот, па известувал од шест светски и европски првенства во фудбал.