На Меган Маркл не ѝ се допаѓа фактот што нејзиниот сопруг принцот Хари почнува да ја губи косата, пренесуваат светските таблоиди.
Имено, бившата војвотка се плаши дека принцот би можел да оќелави како татко му, принцот Чарлс, и постариот брат, принцот Вилијиам. Наводно таа му поставила ултиматум: или ќе користи третман за пресадување на косата, или таа заминува.
„Водејќи се од социјално наметнати идеали за убавина, Меган очајно се надева дека нејзиниот сопруг нема да заврши како Вилијам“, изјави извор, додека сите го осудија ваквото однесување и го нарекоа застрашувачко и срамно.