ГО ПОГОДИ “ЕЛЕКТРИЧЕН КОРОНАВУРИС“: Турски водител го удри струја додека ја водеше емисијата (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Додека ја водеше емисијата “Каде сме“ на турскиот ТВ канал Нет, водителот Ерем Шентурк прво го удри струја, а потоа за малку ќе паднеше.

Како што пренесуваат турските медиуми, популарниот водител во емисијата го погодил “електричен коронавирус“.

Имено, него го удрила струја откако го допрел дигиталниот екран во студиото, а потоа за малку ќе паднел пред очите на тв гледачите.

Шентрук сега се чувствува добро, соопштил менаџментот на ТВ каналот Нет.

-Ако го преживеам овој благословен петок, ќе продолжам и натаму да ја водам емисијата – се пошегувал водителот.

 

останати вести