Група делфини утрово се појавиле во Солунскиот Залив (Термаикос), во близина на шеталиштето и Белата кула во Солун, објавија локалните медиуми, а грчката новинска агенција АНА-МПА, коментира дека граѓаните биле пријатно изненадени од глетката.
Граѓаните кои спортувале во тие моменти на шеталиштето, со нивните мобилни телефони го снимиле овој, не толку вообичаен и чест момент во нивниот град, а видеата ги споделија на социјалните мрежи.
Инаку,заменик министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас, минатиот вторник соопшти дека шеталиштето покрај морето во Солун ќе биде затворено преку недела од 14 до 8 часот и целосно за време на викендите.
Καλημέρα!!! μας λένε σήμερα τα δελφινάκια στον Θερμαϊκό ! Έφυγαν οι ψαράδες και ήρθαν τα δελφίνια.❤️
Posted by Valia Mpatzaka on Tuesday, April 7, 2020