По долго и тешко боледување почина Мојсеј Трајковски, најстариот брат на починатиот претседател Борис Трајковски.
Веста ја пренесоа локални портали од Струмица, родното место на Трајковски.
Покрај Мојсеј, претседателот Борис Трајковски имаше и брат близнак, Александар, кој што почина во декември 2011 година по тежок срцев удар.