Техничкиот премиер Оливер Спасовски на денешниот прес информираше дека на владина седница денеска е донесена владина уредба за финансиска помош за занаетчиите и самовработените лица за месеците април и мај погодени од ширењето на коронавирусот.
„Донесена е уредба за помош на физичките лица кои вршат самостојна дејност донесена за април и мај. Тоа е помош за занаетчии и вршители на самостојни дејности. Физичкото лице ќе добие исплата на трансакциска сметка во износ најмногу до 14,500 денари месечно. Деталите ќе бидат објавени на веб-страната на Владата“, рече Спасовски.
Тој им порача на работниците кои се под закана да го загубат работното места да не потпишуваат спогодбени откази.