За време на полициски час, украле овца, па си ја испекле и си ја изеле

by Тони Зографски

Полициските службеници во Дервента привеле две лица на 19-годишна возраст со иницијали А.С. и М.В. под сомнение дека за време на полицискиот час украле овца, ја заклале, ја испекле на ражен и ја изеле!?

Деветнаесетгодишните А.С. и М.В. од Дервента биле на излетничко место во близина на градот. Кога огладнеле, се сетиле дека во близина има затворено стадо овци. Скришум влегле во помошна просторија и украле една овца, ја однеле до излетничкото место и вечерта, за време на полицискиот час,  ја заклале и ставиле на ражен да ја печат.

„Наведените лица се приведени и врз нив е извршена криминалистичка обработка“, стои во соопштението на Полициската управа во Добој.

останати вести