Поранешниот македонски пливач Александар Маленко е повторно сам.
Во емисијата „Добар ден, секој ден“, на Алфа телевизија, тој призна дека извесен период наназад е сам, односно веќе не е во брак. Неговата адреса на престој во моментов е во Скопје.
Инаку, Александар Маленко од четири брака има пет деца. Освен Лора која е негова единствена ќерка од бракот со водителката Сузана Турунџиева,, а со која има и едно внуче, тој има уште четири сина.
Маленко беше во брак и со актерката и поранешна директорка на театарот „Комедија“, Јелена Жугиќ, со која го има синот Ахил. Потоа се ожени со шест години постарата Русинка Татјана Михајловна Фјодорова, со која исто така има син. Со последната сопруга која не се експонира во јавноста, поранешниот пливач има два сина кои понекогаш ги објавува на социјалните мрежи.