37 годишниот Благојче Дончев од Кочани пред два дена доживеал вистински стрес, откако му било соопштено дека неговата мајка починала во болницата во Кочани, по неколку часа откако пристигнал со погребална кола му соопштиле дека мајка му е жива.
Дончев за Телма раскажува дека неговата 58 годишна мајка Јаворка Дончева има тешки здравствени проблеми, по два преживеани мозочни удари, откако и се влошила состојбата веднаш повикале брза помош. Попладнето се јавил во болницата, а од другата страна на слушалката некој му соопштил дека е веќе почината и да се подготват за нејзиниот погреб. Во меѓувреме Дончев ги известил роднините и пријателите, купил свеќи, ковчег, а направени се и некролозите, се вели во прилогот на Телма.
Неговата мајка е лоцирана на интерното одделение, каде што е хоспитализирана и добива медицински третман.
Директорот на болницата, Александар Серафимов информира дека случајот веќе е пријавен во полиција и во тек е истражна постапка…