Пандемијата на коронавирус започна да ја буди креативноста кај луѓето, особено кога станува збор за одржување љубовни врски. Во време кога три милијарди луѓе се ставени во карантин, на еден човек му успеа да си пронајде девојка која му се допаѓа, и тоа со помош на дрон. Tоа го направи њујоршкиот фотограф Џереми Коен.
Имено, Џереми забележал девојка како танцува на покривот на зградата која се наоѓа веднаш до неговата. Кога го виделе како ѝ мафта и таа му возвратила. Во тој момент Џереми решил да ја искористи магијата на технологијата, па со дрон и го доставил бројот на својот мобилен телефон. Девојката била воодушевена од гестот, па почнала да контактира со него.
Вториот ден, оваа потенцијална љубовна двојка контактирале од своите домови, и разговарале преку видео повик.
Втората средба импресионираше многумина со својата иновација и станаа светски хит. Поточно, Џереми повторно се надмина себеси, и овој пат тоа го стори со одење во голем проѕирен балон по улиците додека Тори, девојката која му се допаѓала, оди покрај балонот со заштитни ракавици. Двојката дури била запрена од полицијата, но за среќа само за да можат да се сликаат со нив затоа што ги виделе на вести претходниот ден.