Поради коронавирусот, многу земји го забранија движењето или значително редуцираа како на пешаците така и на возилата, мотоциклите, велосипедите. Една од земјите со ваква мерка е и Индија која од 25 март го забрани движењето.
Видеата од улиците во Њу Делхи и Бомбај станаа популарни на интерет и тоа поради начинот на кој локалната полиција се справува со оние кои ја прекршуваат оваа забрана. Полицајците ги удираат со стапови, а и ги принудуваат да прават склекови, да се редат еден по друг на одалеченост од два метра и друго.