СЍ НАЈДЕ РАБОТА: Меган ќе биде наратор на дизниевиот филм “Слонови“

by Тони Зографски

Меган Маркл го почна првиот работен ангажман по фамозниот „мегзит“, кога таа и нејзиниот сопруг Хари се откажаа од кралските должности.

Принцот Хари на минатогодишната премиера на римејкот на цртаниот филм „Кралот лав“ му се обратил на извршниот директор и му кажал дека неговата жена го позјамува гласот за анимираните филмови.

Инаку, вчера и официјално беше потврдено дека војвотката од Сасекс стана еден од нараторите во дизниевото остварување „Слонови“.

ТВ-каналот Disneynature на својот официјален профил на Твитер објави дека поранешната актерка Меган Маркл ќе биде наратор во ова остварување.

 

останати вести