“Ти си го*но од човек!”: Гордон Ремзи отпушти 500 работници поради коронавирусот (ФОТО)

by Тони Зографски

Познатиот готвач Гордон Ремзи, кој е “тежок” повеќе од 140 милиони фунти и познат по својот темперамент, не успеал да им гарантира на своите вработени дека работата ќе ги чека откако ќе се укине забраната за работење. Имено, тој ги затворил повеќето од своите ресторани и отпуштил повеќе од 500 работници.

Една од неговите вработени, која добила отказ, готвачката Анка Торпак, го изразила своето незадоволство на социјалните мрежи.

“Ти дадовме сè, а ти ни ја одземаш безбедноста кога ни е најпотребна. Ти си го*но од човек!”, напишала таа.

Не остави во солзи. Не бевме предупредени. Само не повика на состанок и ни кажа дека сме отпуштени”, додала Анка Торпак.

 

 

останати вести