Поранешната тенисерката од Словачка, Доминика Цибулкова деновите ги поминува во изолација поради коронавирусот. Со сопругот Мис Навара го очекува првото дете, кое, судејќи спроед нејзиниот труднички стомак, би требало дa пристигне набрзо.
„Ние сме дома, останете и вие“, им порача на фановите со фотографија на која е целосно гола и го прегрнува кучето, а трудничкото стомаче е во преден план.
Инаку, Цибулкова бременоста ја објави лани во декември кога позираше со партнерот со кој е во врска девет години, а во брак се три години. Таа во текот на својата кариера заработи 13,7 милиони долари.