Шпанските медиуми пишуваат дека од коронавирус починал Карлос Фалко, очув на познатиот пејач Енрике Иглесијас
Карлос бил пациент кој со 83 години спаѓал во ризична група, и хоспитализиран минатата недела, но за жал ја загубил битката со вирусот.
За кратко се огласил и Енрике со емотивна фотографија на својот Инстаграм.
– Поминуваме низ многу тежок период и оваа епидемија зафати многу луѓе, вкучувајќи го и моето семејство. Време е да останете дома и да бидете свесни за своите сакани. Ви испраќам силна прегратка и се надевам дека наскоро ќе се видиме. Разведрете се – напишал Енрике.
Коментари и подршка како и изјави на сочуство по повод загубата на саканиот пристигале од сите страни докажувајќи дека уште еднаш мора во овој тежок момент да ги чуваме нашите сакани како и да бидеме тука едни за други.