ДРАМА ВО БРИТАНИЈА: Принцот Чарлс е заразен со коронавирус

by Тони Зографски

Британските медиуми јавуваат дека принцот Чарлс заболел од коронавирус.

Според првите информации тој има благи симптоми, но се чувствува добро и продолжува да работи од дома како и претходните денови.

“Принцот од Велс е позитивен на коронавирус. Тој имаше полесни симптоми, но е со добро здравје и работеше како и обично изминативе денови. Камила е исто така тестирана и таа го нема вирусот. Со координација од владата и советите од лекарите, принцот и војвотката се во самоизолација, истакна портпаролот на кралската резиденција во Лондон.

И војвотката од Корнвол е тестирана, но нејзините резултати се негативни.

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com