Поп пејачот Дарио, уште пред четири години, преку песната “Што е мое ќе си дојде“ испрати порака во каков свет живееме.
-Овие стихови ги пеам од мај 2016 година, ама нема кој да ги слушне, а уште помалку да стави прст на глава и да се подзамисли. А сега ви се мислена именка сите оние “глупи мали ситници” како обично ракување, срдечно гушкање, бакнеж во образ или најобична прошетка во парк. Е па затоа- #седисидома.
А убаво вели песната дека : „Живееме во време – невреме, во луда трка по пари, во виртуелен свет без идеали. И секој нареден ден е уште постресен, а животот е убав, еден и единствен. Ни фали време за се’, немаме време ни за смеење, време за сакање и читање приказни пред спиење. Малите работи се тие што радуваат, а среќа, љубов и мир со мали букви се пишуваат… – напиша Дарио на својот Фејсбук профил.