Мадона (61) се соблече гола, влезе во када со рози, и додека од позадина се слушаше музика таа почна да мудрува околу коронавирусот.
„ Чудна е работката околу Ковид-19. Не му е гајле колку сте погати и познати, колку сте забавни. Колку сте паметни, каде живеете, колку години имате, каква неверојатна приказна можете да раскажете… Нели е прекрасен овој вирус пред кој сите сме еднакви и што има лошо во тоа? Што има лошо и во тоа што сите нас нè претвори во рамноправни на многу начини? Она што е прекрасно е тоа што на сите нѝ се еднакви можностите“, порача Мадона и додаде:
“ Ако вој брод потоне, сите ќе тонеме“, рече Мадона додека се обидуваше со розите да си ги сокрие голите гради.
Инаку, ваквата порака на Мадона предизвика многу негативни коментари од нејзините фанови.
“ Немојте да ја романтизирате оваа трагедија“. „Работите надвор од вашиот двор се многу поразлични од она што мислите“, се само дел од коментарите под видеото.
Инаку, Мадона е во изолација со своето 25-годишно момче Ахламалик Вилијамс и ќерката Мерси Џејмс.