Британецот Грем Волтерс (72) во овој момент е единствениот човек на светот кој не може да добие коронавирус. Имено, тој се наоѓа среде Атлантскиот океан сосема сам.
Волтерс објави пост на Фејсбук, пишувајќи:
– Изгледа дека сум на најбезбедното место во светот во моментов. Слушам што се случува дома и низ целиот свет и ми се чини сосема нереално. Кога бев на пат на крајот на јануари, ништо не се случуваше. Ви благодариме за сите ваши најдобри желби. Пресметувам дека сум на околу 1488 милји од Антигва, значи ме чека уште пат – напиша Британецот
Инаку, Волтерс на крајот на јануари отпловил од Канарските острови кон Антигва и Барбуда во чамец со весла, со цел да стане најстар човек кој на овој начин го преминал Атлантик. Дека ова не му е туѓо сведочи тоа што четири пати ова веќе го направил, последен пат пред 13 години, а пред тоа, во 2004, 2001 и 1997. година. Рекордот засега го држи рускиот истражувач Федор Коњуков, кој имал 68 години во 2014 година кога го пропатувал Атлантикот за 46 дена.