Забрана за движење од 21 часот до 6 часот наутро на територијата на целата држава е една од мерките во борбата против коронавируст што ја воведе Владата.
“Од утре започнуваме со ограничување на движењето на сите граѓани (полициски час). Се забранува движење на населението во периодот од 21 до 06 часот секој ден!
Нема компромис кога е здравјето на граѓаните во прашање, мерките мораме сите да ги почитуваме, само така ќе си ги спасиме народот и државата, напиша премиерот на Владата, Оливер Спасовски на Фејсбук.