Глумецот Том Хенкс и неговата сопруга Рита Вилсоне се пуштени од австралиската болница каде што беа во изолација откако минатата недела тестот покажа дека се позитивни на коронавирус.
Двојката објавија на социјалните медиуми дека се заразиле со ковид-19 и им се заблагодарија на докторите во австралиската болница, и воедно, ги повикаа своите фанови да ги следат советите на експерти за избегнување на болеста.
Според новинските извештаи, Хенкс и Рита најверојатно се вратил во апартманот на Златниот брег (Голд-Кост), каде парот престојувал додека тој работел на филмот во кој го глуми долгогодишниот менаџер на Елвис Присли, полковникот Том Парк.
Инаку, двократниот добитник на Оскар беше на „Голд-Кост“ во близина на Бризбејн за да снима филм-биографија за Елвис Присли во режија на Австралиецот Баз Луман, кога тој и сопругата, и двајцата на возраст 63 години, се заразија со вирусот ковид-19.