Деспина Козаровска која се самоизолирала по враќањето од странство, преку Фејсбук испрати порака дека таа е затворена во друга куќа и не ги видела децата 19 дена, а други се шетаат по улици вратени којзнае од каде и не сакаат да се проверат.
“Стојам на располагање скришно да ги споделите со мене сите ваши познаници и познанички кои пристигнуваат од странство, а притоа не седат во карантин. Нема да ве издадам, ама ќе мора да ги пријавам, за и на вас и вашите блиски услуга да ви направам, поради здравје. Дека јас сум будала, сама што седам во друга куќа веќе 4-ти ден, а 19-ти ден децата не сум ги видела, за некој друг да се чалами по улици вратен од немајкаде.
Не очекував 10 минути слава, земаа да ме цитираат портали дека сум во карантин поради сомнеж дека имам корона. Не! Во самоизолација сум, зашто сум граѓански одговорна и совесна ќерка, мајка, сопруга и внука која пристигна од Германија пред 4 дена. Во самоизолација сум зашто се грижам за моите. А симптоми, па и корона сигурно немам, но така е редот. Да се внимава и да се биде послушен повеќе од било кога. Без драми, ве молам!“- порача Козаровска преку својот Фејсбук профил.