ПЕНДАРОВСКИ: “Во овој момент нема потреба од кризна состојба“

by Тони Зографски

“Во овој момент не е потребно да избрзуваме со прогласување на вонредна или кризна состојба на цела територија. Кризата ќе трае, но во моментов ситуацијата е под контрола.  Јасно е дека кризата ќе трае и во светот и кај нас. Сакам да упатам апел до граѓаните да ги почитуваат стрикно сите мерки против ширењето на болеста и да упатам апел да нашите државјани  да не одат надвор, а исто така до нашите државјани кои живеат во странство да не доаѓаат“,  изјави претседателот на држава Стево Пендаровски на прес-конференција по состанокот на Советот за безбедност.

Советот за безбедност ќе се состанува по потреба секој ден, ако треба и неколку пати во денот.

Ќе се изврши мобилизација на здравствениот кадар од целата држава.

Пендаровски кажа и дека денеска со официјален допис ОБСЕ/ОДИХР ја откажа мониторинг-мисијата на изборите.

останати вести