Поранешната италијанска манекенка, кантавторка и сопруга на поранешниот француски претседател Саркози, Карла Бруни се обидела да се пошегува со коронавирусот, шега што ги разгневи Италијанците.
-Секако дека ќе се бакнеме, не сме ние глупави! Ние сме стара генерација. Не се плашиме од ништо, не сме феминисти и сигурно не се плашиме од коронавирусот, – му порачала Карла Бруни на својот пријател, претседателот на модната групација Lvmh, Сидни Толедан.
Откако снимките ги пренела фрнцуската телевизија „Канал 5“, Италијанците на социјалните мрежи се бесни на “бедниот обид на иронизација на ситуацијата“, пишува италијанскиот дневен весник „Ла Република“.
Набргу Карла се извини преку социјалните мрежи.
-Сакам да се извинам на сите кои го видоа видеото и кои беа шокирани од него. Сакам да кажам дека тоа не ги изразува моите чувства. Понекогаш сакам да се пошегувам па може да испадн невкусно, иако сакавма да ги забавиме присутните и да направами шоу – напиша Карла.